Абдулах Кардаш е новиот Ал Багдади

Исламска држава не чекаше многи да избере нов лидер. Според информациите кои се појавија во јавноста улогата на Ал Багдади ја превзеде Абдулах Кардаш, познат и како Хаџи Абдулах ал-Афари или само Професор.

Она малку што се знае за овој Ирачанец е дека служел кај Садам Хусеин. Исто така според информации од разузнувачки кругови, кои ги пренесоа западните медиуми, Ал Багдади пред смртта веќе имал изгубено дел од влијанието на операциите кои се спроведуваат на дневно ниво.

Кардаш уште во август бил номиниран за позицијата која се занимава со „Муслимански работи“.