Авганистанска градоначалничка секој ден чека да ја убијат

Зарифа Гафари, една од првите авганистански градоначалнички која уште првиот ден побеснета маса народ не ја растргна, вели дека секој ден ја демне атентатор. Но поради тоа таа не се држи на страна. Во градот Маидан Шар со малку повеќе од 35.000 жители во провинцијата Вардак, канцеларијата ја превзеде во март годинава.

За време на кампањата Гарави носеше беџ со своето име и со своја слика со црвен шал на него и настапуваше со еколошкиот слоган „Да го одржиме нашиот град чист“.

Гарави е свесна дека се наоѓа на првата линија на борбата за права на жените во Авганистан, и тоа во време кога актуелните американски преговори со талибанците многу Авганистанци ги загрижија заради можноста ултраконзервативните бунтовници да учествуваат во раководењето на државата.

„Мојата работа ќе направи луѓето да веруваат во правата и моќта на жената“, напиша таа на Твитер.

Гафари не е прва жена која превзеде традиционално машка должност во авганистанското патријахално општество. Но стапи на една од најтешко замисливите позиции. Претходно жените стануваа гувернерки во Даикунди и Бамива, провинции кои според авганистанските стандарди се културолошки толерантни. Две години градот Нили во Даикунди имаше градоачалничка. Но, таа се отсели во САД.

Вардак, сепак, е исклучително конзервативна провинција. Тука е силно влијанието на талибанците. Повеќето главни патишта не се сигурни за премин на цивили. Минатата година во едно средно училиште во Маидан Шар за девојчиња, имаше само 13 матурантки.

Пред да стане Гафари градоначалничка, единствената жена што имала некакова државна работа, освен учителките, била началничката на тамошното министерство за жени. Но, таа не се решавала да живее во тој град, туку живеела во Кабул и секој ден патувала. Исто така живее и Гафари. Од безбедносни причини.

Првично, авганистанскиот претседател Асхраф Гани ја именуваше Гафари за градоначалник уште во 2018 година, но мандатот и беше одложен за неколку месеци после катастрофалниот прв работен ден. Веднаш штом таа влезе во канцеларијата зградата ја нападнаа гневни мажи вооружени со стапови и камења. Авганистанската безбедносна служба веднаш испрати одред од парамилитантни службеници за да ја спасат и да ја извадат од градот.

„Тоа беше најтешкиот ден во мојот живот“, рече таа. Службениците и велеле да не се враќа, а меѓу нив кои тоа ја советувале имало дури и блиски соработници на Мохамед Ариф Сах Сахан, гувернер на провинцијата Вардак. Таа го обвини дека тој го организирал протестот, впрочем тој и отворено се спротистави на нејзиното именување за градоначалник. Но. Не се откажа од своите намери да смени нешто на подобро, без оглед на последиците кои можат да бидат фатални за неа.

„Ќе го остварам моето право на таа канцеларија, дури и да морам да се запалам пред управната градска зграда“, им порача тогаш Гафари на владините претставници.

Тоа траеше девет месеци. На крајот таа успеа да се врати и да го реализира ветеното што резултираше со оставка на гувернерот Јахан и огромна поддршка на медиумите. Сепак, тоа не значеше крај на проблемите. Далеку од тоа. Притисоците продолжија со несмален интензитет.„Немам телохранители. Според правилата треба да имам двајца, но тоа е невозможно. Затоа тука ништо не ми е сигурно. Тешко е да се работи во многу конзервативно општество. Морам да бидам остра, инаку никој нема да ме слуша. Морам да докажам дека жените не се слаби и немоќни.“

Гафари е припадничка на Паштуните, побројната етничка група во провинцијата Вардак, ќерка на средношколска професорка на полковник на авганистанските специјални единици. Има 26 години и не е мажена, иако во таа средина тоа се смета за доцна. Вели дека секој ден добива смртни закани и од талибанците и од ИСИЛ.

„Јас знам дека ќе ме убијат, но не се тие од кои ми е страв.“ Позагрижена е, напоменува, од криминалните организации кои во таа војна се на страната на владата и кои се вплеткани во највисоките степени на корупција и трговија со земја.

Во Индија завршила факултет, а по поддршката од семејството по враќањето дома положила испит за владин службеник.

(Извор: Nytimes.com)