Авион со 17 патници исчезна над Сибир

Авион Антонов 28 (Ан-28) со 17 луѓе денеска исчезна од радарите во регионот на Томск, западен Сибир.

Во авионот имало 17 луѓе, вклучително тројца членови на екипажот и четири деца.

Во потрага по авионот, кој испратил повик за помош, трагаат два хеликоптера М-8.

Авион Ан-26 минатата недела се урна на полуостровот Камчатка, при што загинаа 28 луѓе.