Австралија воведува строги казни: Ако доаѓате од Индија одите во затвор!

Од понеделник во Австралија важат нови правила за сите граѓани кои се во Индија во последниве две недели, каде што беснее епидемијата од корона вирус. Тие ќе добијат парична казна ли казна затвор ако се вратат во земјата, јавија медиумите.

Правилата кои забрануваат влез во Австралија за патници од Индија, вклучително и австралиски државјани, стапуваат на сила на 3 мај, а првата ревизија ќе биде на 15 мај.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, во петокот доцна вечерта најави дека секој којшто ќе се обиде да ги избегне и изигра новите правила ќе добие казна поголема од 50.000 долари, пет години затвор или и едно и друго.

Околу 9.000 Австралијци во Индија се пријавиле дека сакаат да се вратат дома.

Хант се повика на овластувањата од Законот за биолошка сигурност кога ги воведе нови мерки, на истиот закон којшто беше основа за затворање на границите, пишува весникот „Гардијан“.

Денес австралискиот министер за финансии, Још Фриденберг, ги отфрли критиките дека е неодговорно да се „напуштат“ граѓаните на Австралија во Индија, во моментот кога земјата се соочува со глобално рекорден број на нови инфекции, голем број смртни случаи и со недостаток на медицинска опрема, вклучувајќи и кислород.

„Превзедовме драстични мерки за да ја осигураме безбедноста на граѓаните, а тоа што го гледаме во Индија е многу сериозна состојба и лекарскиот совет даден на владата е да ги воведе овие мерки“, наведе Фриденберг, пренесува британски „Гардијан“.

(Фото: ЕПА)