Австрија: Епидемијата не се смирува – угостителите на удар, клуч до мај

Австрија одамна влезе во третиот бран на откази заради епидемијата со Ковид-19, а невработеноста може енормно да сголеми ако попушти државната помош.

Виена со низа економски пакет мерки се подготви на тоа“, тврди покраинскиот секретар за стопанство Петер Хакер.

Австриската престолнина во април лани го достигна врвот со 197.367 невработени, а вториот бран беше забележан во декември кога беа евидентирани 186.298 лица без работа.

Хакер истакнува дека Австријците мора да се навикнат дека на подолг период ќе мора да живеат со вирусот и дека сеуште не може да се зборува за времето после короната, и дека мерки ќе бидат подолго потребни.

Се поаѓа од тоа дека во гастрономијата и хотелиерството ќе дојде до зголемен број на стечаи.

Градот Виена, според неговите зборови, веќе сега подготвил пакет мерки за да спречи „шок“ на пазарот на трудот.

Во тековната година ќе инвестираме вкупно 120 милиони евра“, објасни Хакер.