Автомобил-бомба денеска експлодира пред Амбасадата на Ирак во главниот град на Авганистан, Кабул. Амбасадата е лоцирана во центарот на градот.
Покрај бомбашот самоубиец имало уште двајца напаѓачи кои се обиделе да влезат во ирачката амбасада, но биле спречени. За сега нема информации за убиени и повредени лица.
Одговорноста за нападот ја превзеде Исламска држава, соопштија авганистанските безбедносни служби.







