Азурите разочарани по болната елиминацијата: „Уништени сме!“

LinkSense.mk

Италија со нетрпение го очекуваше баражот за да оди на Светското првенство, а навивачите и играчите со наведнати глави го напуштија стадионот „Ренцо Барбера“, во Палермо.

Азурите“ беа шокирани од репрезентацијата на Македонија, која славеше со 1:0 и со тоа го остави актуелниот европски првак без Мундијал.

Јасно е дека после овој голем неуспех сите во италијанскиот табор се разочарани, а доказ за тоа се зборовите на тренерот Роберто Манчини и искусниот стопер Џорџо Киелини.

Повеќе од разочаран сум. Немам што да кажам. Се случи нешто неверојатно. Заслуживме да го освоиме Европското првенство, а на овој натпревар навистина немавме среќа. Сепак, тоа е – што е, но тоа е реалност. Жал ми е за играчите. Сигурен сум дека овој тим има одлична иднина. Сега ги поддржувам овие момчиња повеќе од кога било“, истакна трофејниот стручњак.

Дефанзивецот на Јувентус беше целосно „скршен“, што е и разбирливо, бидејќи сите очекуваа спектакуларно бараж финале со Португалија.

Ова е огромно разочарување. Одигравме добар натпревар и ни фалеше гол. Не бевме арогантни вечерва, но нешто недостасуваше. Грешките што ги правевме од септември до сега, ги плативме. Сепак, горд сум на тимот. Разочарани сме, уништени, не можам да најдам збор. Сега останува само празнина. Мора да почнеме од почеток и тешко е воопшто да се зборува за тоа изјави Кјелини.

Да потсетиме, Португалија и Македонија играат во вторник од 20:45 часот, а победникот ќе се пласира на Светското првенство во Катар.

 

 

 

 

 

(Фото: Новости/ЕПА)