Актерот Кевин Харт ќе ги води Оскарите

Американскиот комичар Кевин Харт, познат во филмот „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, ќе ја води церемонијата за доделувањето на наградите Оскар за 2019 година, соопшти актерот на Инстаграм.

Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.

„Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се приклучам кон легендарниот список на водителите на таа сцена е нешто неверојатно“, напиша Харт, неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објавија статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд.

Америкасната академија за филм, која ги доделува наградите, ја потврди на Твитер одклута на Харт и истакна дека многу се радува на реакцијата на 39-годишниот актер.

Вообичаено, името на водителот на церемонијата го објавува самата Академија.