Индија и подари на Албанија 50.000 вакцини „Астра Зенека“

Во Албанија пристигна пратка од 50.000 дози вакцини од „Астра Зенека“, донација од Индија.

На меѓународниот аеродром во Тирана, пратката ја пречекаа министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, државниот министер за обнова, Арбен Ахметај, и амбасадорот на Република Индија во Букурешт, Рахул Шривастава.

Пристигнаа 50 илјади дози вакцина „АстраЗенека“, што веднаш ќе бидат дистрибуирани во сите здравствени домови и центри за масовна вакцинација, за да се продолжи со имунизацијата на населението постаро од 60 години, рече Манастирлиу.

Министерската додаде дека неделава се очекува да пристигнат над 200 илјади дози и веднаш потоа почнува вакцинацијата за вработените во јавниот превоз, најпрво на оние во воздушниот.

Оваа недела очекуваме над 200 илјади дози вакцина. Продолжуваме со тур-операторите и ќе се прошириме на целта на вработените во јавниот превоз, почнувајќи од вработените во авионскиот транспорт, со вработените во „Ер Албанија“, подвлече Манастирлиу.

Епидемиолошката сосотојба таа ја оцени како стабилна, со ниска инциденца и додаде дека третата ковид болница во моментов немаат хоспитализирани пациенти, исто како и четиртатат ковид болница, и оти ќе бидат во состојба на готовност заедно со медицинскиот персонал.

Според неа до сега во земјата пристигнале околу 490 илјади вакцини и дека со имунизацијата се опфатени 325 илјади лица.