Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Албанија меѓу првите ќе го потпише протоколот за членство на Македонија во НАТО
Македонија

Албанија меѓу првите ќе го потпише протоколот за членство на Македонија во НАТО

декември 10, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со Грамоз Ручи, претседател на Собранието на Република Албанија.

Претседателот на албанскиот Парламент, Ручи, пренесе импресионираност од постигнувањата на Македонија во делот на политичката стабилност и интеграциите во НАТО и во ЕУ. Тој оцени дека посебно, благодарение на мудроста и смиреноста на премиерот Заев, спречена е дестабилизација на Македонија со настаните од 27. април во Парламентот, постигнат е реформски развој, меѓуетничка кохезија, добрососедски односи и Република Македонија како никогаш досега е блиску до НАТО и до Европската унија.

Претседателот на Парламентот на Албанија ги оцени како искрени и пријателски односите помеѓу Македонија и Албанија, ги поздрави договорите со Бугарија и со Грција и најави дека неговата земја и албанскиот Парламент ќе бидат меѓу првите што ќе го потпишат протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Премиерот Заев се заблагодари за поддршката од Албанија во НАТО интеграциите и оцени дека се отворени големи перспективи за соработка на двете држави на економски план.

„Благодариме на Република Албанија за поддршката за членство на Македонија во НАТО. Од големо значење е и поддршката што си ја даваме во ЕУ интеграциите. Очекувам околу средината на јануари да биде ратификуван Договорот од Преспа во Парламентот во Македонија, по што следува ратификацијата на Договорот од грчка страна, како и ратификацијата на Протоколот за НАТО. Владите на Македонија и на Албанија се во искрена, редовна и пријателска соработка. Јас ќе ја искористам приликата, во име на Владата на Македонија, да повикам да се унапреди уште повеќе соработката меѓу двата парламента. Посебно на економски план имаме одлични перспективи, да овозможиме квалитетен живот за граѓаните во нашите земји, рече премиерот Заев.

На средбата беше изразена заедничка поддршка за  проектите што се однесуваат на инфраструктурното поврзување во патната и железничката инфраструктура, за олеснувањето на движењата на луѓе и стоки преку проектот на интегрирано гранично управување “One Stop Shop”, што се очекува да се реализира на пролет, за енергетското поврзување на кое што се работи, како и во областа на царинското работење, образованието, културата. Во таа насока, премиерот Заев побара поддршка да се забрза отворањето Културен центар во Тирана, за што е веќе разговарано на владино ниво.

На средбата помеѓу премиерот Заев и претседателот на албанскиот Парламент, Ручи, беше поздравена изградбата Едно општество за сите во Македонија, како и заложбите во Албанија за унапредување на правата на Македонците кои живеат во Република Албанија. Договорено е пријателската соработка помеѓу двете земји да продолжи на сите нивоа, во интерес на граѓаните, развојот на државите и на регионот.

актуелно албанија ЕУ македонија НАТО средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.