Александар Хаџиманов со порака за Меѓународниот ден на танцот

– Танцот датира од почетокот на праисторијата. Секоја негова епоха нуди соодветна форма на претставување на уметноста, и е во непрекинат развој, се вели во македонската порака на балетскиот педагог и солист во Националната опера и балет, Александар Хаџиманов по повод 29 април – Меѓународниот ден на танцот.

Хаџиманов додава дека танцот датира од почетокот на праисторијата и бил наменет да се умилостиват боговите, да подарат подобро време и доволно храна.

-Грчкиот театар се појавува 500 год. п.н.е. со „Дитираме“ кој се состои од песни и танци. Во Рим, 20 год. п.н.е. , се прикажуваат пантомимски претстави во соло изведби, кои со помош на музика, костими, маски претставуваат цели трагедии или митови.

Танцот е застапен преку костимирани изведувачи на улици, како и одредени свечености,сценски прилагодени верзии на општествени танци од тоа време, за во втората половина од ХVII век во Париз биде отворена балетската академија, од кога балетот станува професионална уметност, објаснува Хаџиманов во пораката.

Авторот пак на светската порака, танцов едукатор од Јужна Африка, Григориј Вујани Макома во танцот се работи за целта и дека секој ден претставува нов предизвик со кој треба да се соочи. Тој преку танцот се обидува да ја согледа смислата за светот.

-Поминуваме низ незамисливи трагедии, во време кое најдобро би можел да го опишам како постхумана ера. Повеќе од кога било, треба да танцуваме со цел, да го потсетиме светот дека човештвото сè уште постои.

Целта за човечност и емпатијата треба да го совладаат, овој, со години наталожен неопореклив виртуелен пејзаж на расипништво, што не довел до катарзата на универзалната тага – освојувајќи ја тагата, оваа тешка реалност продолжува да го толерира животот кој се соочува со смрт, отфрлање и сиромаштија, објаснува Вујани Макома во својата порака.

Изборот на автор за светската порака го организира Меѓународниот одбор на мрежата на ИТИ УНЕСКО.

Изборот на автор за локалната порака го организира Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во покровителство на Министерството за култура.