Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026

Александар Зверев нов шампион на САД

септември 14, 2026

Трамп го повика Зеленски да запре со нападите врз рускиот дизел

септември 14, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест
  • Александар Зверев нов шампион на САД
  • Трамп го повика Зеленски да запре со нападите врз рускиот дизел
  • Владата го намали ДДВ-то за дизелот, мерката ќе важи до 28 септември
  • ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на Врховен за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски се резултат на судството контролирано од СДСМ и ДУИ
  • СДСМ: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста
  • Меркел ги повика германците да ја бранат демократијата
  • Фајненшнл Тајмс: Изборите во Србија на 25 октомври ќе бидат најтешката битка во политичката кариера на националистот Вучиќ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест
Култура

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026Updated:септември 14, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Познатата канадска пејачка Селин Дион го одржа својот прв концерт по шестгодишно отсуство поради ретка и многу опасна болест, на големо задоволство на нејзината бројна публика.

Публиката, во која имаше и француски актери и познати личности, ја поздрави славната пејачка со овации и стоечки аплауз, како што пренесоа речиси сите француски медиуми.

„Сакам да кажам дека сум добро. Научив да живеам со кревкоста. Живеам со неа, ја скротив и одлучив да ја претворам во извор на животна сила“, изјави Селин Дион во саботата вечерта, пред 30.000 гледачи собрани во арената во Нантер, западно од Париз.

Селин Дион (58) пееше два и пол часа, со паузи во кои беше преплавена од емоции на радост додека ѝ се обраќаше на публиката, објави парискиот весник „Ле Монд“.

„Тоа се солзи радосници, пресреќна сум што ве гледам“, изјави пејачката, која веќе неколку дена престојува во хотел во Париз, каде што неколкупати спонтано се појавуваше пред зградата за да ги поздрави обожавателите што чекаа да ги повика. Многу обожаватели допатуваа на концертот од разни делови на Франција, некои спиеја пред хотелот, додека нејзините песни одекнуваа од околните згради и преку ден и навечер, пуштани од станари и вработени во приватни фирми, директно од нивните балкони. Откако нејзината последна турнеја беше откажана во март 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, Селин Дион не можеше да се врати на сцената поради болест.

Пејачката боледува од „синдром на вкочанета личност“ (Stiff-Person Syndrome) – ретка и неизлечива невролошка болест што ги напаѓа и парализира мускулите; таа се соочува со оваа состојба веќе дваесет години, иако дијагнозата ѝ беше поставена дури во 2022 година. Соочена со тешка епизода на парализа на делови од телото, вклучувајќи ги мускулите околу вратот и грлото, пејачката – која значително изгубила на тежина – сподели загрижувачки вести за своето здравје на социјалните мрежи, пред целосно да се повлече од јавноста за да се посвети на лекувањето.

Затоа, вистинско изненадување беше кога, две години подоцна, таа повторно се појави на врвот на Ајфеловата кула за време на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз во 2024 година, изведувајќи ја антологиската песна на Едит Пјаф, „L’Hymne à l’amour“.

 

 

Фото: принтскрин

актуелно болест враќање отуство селин дион сцена
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Александар Зверев нов шампион на САД

септември 14, 2026

Трамп го повика Зеленски да запре со нападите врз рускиот дизел

септември 14, 2026

Владата го намали ДДВ-то за дизелот, мерката ќе важи до 28 септември

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.