Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Александар Ќосев: „Патриотите“ во бугарската Влада креваат тензии заради предзиборен маркетинг
Политика

Александар Ќосев: „Патриотите“ во бугарската Влада креваат тензии заради предзиборен маркетинг

октомври 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Коалицијата на „патриотите“ и голем дел од бугарското население живеат во романтичарско-патриотските митови од 19-от век, а тие митови не секогаш одговараат на фактите и на модерната перспектива“, смета професорот по Историја на модерната
култура на Универзитетот во Софија и директор на универзитетскиот Културен центар, Александар Ќосев.

Според него, партиите во бугарската Влада од коалицијата Обединети патриоти, предводена од ВМРО на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, сосема свесно ги зголемуваа националистичките тензии, во пресрет на редовните парламентрани избори во Бугарија, што треба да се одржат следната пролет.

„Тие едноставно сакаат да си го подигнат предизборниот рејтинг, но нема да можат да го подигнат. И нема да влезат во следниот Парламент“, вели Ќосев во интервју за Дојче Веле.

Ќосев додава дека идејата на секој романтичарско-патриотски мит е да ја направи сопствената нација што постара, „речиси исто колку и библиските семејства и народи“, па сите нации ретроактивно и ретроспективно си ја допишуваат историјата и си припишуваат една огромна, вековна, древна, често дури и предисториска историја.

„Сеедно дали бугарската нација или бугарскиот јазик, бугарската култура се вечни, а македонската нација и македонскиот јазик и македонската култура се некаква вештачка конструкција создадена пред 50-ина години. Всушност единствената разлика меѓу двата процеси на изградба на нација се состои во тоа дека едниот е малку постар“, вели Ќосев.

Тој додава дека процесот на формирање на бугарската нација започнува на крајот на 18 век и трае низ целиот 19 век, додека формирањето на македонската нација трае од втората половина на 19 век наваму.

„Тоа е национално-образувачки процес, формирањето на модерни групи наречени „нации“- и колку што едната од страните е во право, толку е и другата. И да сумирам: во текот на тие процеси се создаваат огромни, модерни колективитети, коишто им го обезбедуваат идентитетот на своите индивидуални членови и обезбедуваат хоризонтална солидарност меѓу оние кои се чувствуваат како Бугари, и соодветно, меѓу оние кои се чувствуваат како Македонци“, истакнува Ќосев.

Според него, со истакнувањето на гордоста насочена назад кон историјата, намерно се врши одвраќање од сегашноста.

„Наместо да се грижиме за тоа што претставува нашата нација, наместо да се грижиме за нашиот дом, наместо да ја полеваме нашата градина, ние се чукаме во гради за тоа какви големи цареви сме имале и со тоа ја заменуваме сегашноста. Сеќавањата за далечното минато секогаш се замена за сегашноста. Ако продолжиме да талкаме назад во историјата, наместо да се фокусираме на тековните проблеми и да размислуваме за заеднички живот во обединета Европа, овој проблем едноставно не ќе може да се реши“, заклучува Ќосев.

актуелно Александар Ќосев бугарска влада предзиборен маркетинг Тензии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.