Американските весници со се помалку вработени

Од 2001 година досега значително е намален бројот на вработени во весниците.

Од 412.000 колку што бил пред шеснаесет години тој број сега изнесува 174.000 лица.

Од друга страна, пак, во интернет издаваштвото бројот на вработени расте.

Ако во 2007 година бројот бил 67.000, сега има  206.000 работни места.

Тренд на намалување бележи и бројот на весниците. Од  9.310 во 2001 година на 7.623 лани, што значи пад за 18%.

Затоа, бројот на интернет публикации е зголемен за 150%.