Американски научник: „Непотребно ја продолжуваме пандемијата“

LinkSense.mk

Директорот на американскиот Национален институт за здравје, Френсис Колинс, смета дека луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 можат да бидат одговорни за продолжување на пандемијата.

Колинс изјави за „Фолк њуз“ дека не го задрижува тоа дали ќе има доволно вакцини, туку дали ќе има доволно луѓе кои сакаат да се вакцинираат против корона вирусот, за да се достигне колективен имунитет, пренесува Ројтерс.

Ако тоа не го постигнеме, последицата би била дека оваа пандемија ќе трае многу подолго отколку што е потребно“, изјавил американскиот научник.