Американски шериф ги снабдува училиштата во неговата област со полуавтоматски пушки

LinkSense.mk

Кога училиштата во Северна Каролина повторно ќе бидат отворени подоцна овој месец, некои од новите безбедносни мерки ќе вклучуваат испорака на полуавтоматска пушка АР-15 што ќе се користи во случај на напад со огнено оружје.

Шерифот на округот Медисон, Бади Харвуд, испорача по една полуавтоматска пушка во секое од 6-те училишта во неговиот округ, поттикнат од пукањето во основно училиште во Јувалди, Тексас, во кое загинаа 19 деца и двајца наставници.

Оружјето ќе се чува во сеф, додаде шерифот.

Државните образовни службеници и Канцеларијата на шерифот работат заедно за да ја подобрат безбедноста откако нападот во Јувалди ги откри системските грешки и лошите одлуки што доведоа до повеќе од еден час хаос што заврши со убиство на напаѓачот од страна на органите на редот, според истрагата на Комисија од државцниот парламент на Тексас.