Фото: Screenshot Instagram/роберт дацешин
Босанскиот патувачки инфлуенсер Роберт Дацешин често споделува интересни моменти од своите патувања со своите следбеници на социјалните мрежи. Овојпат, тој привлече внимание со видео од аеродромот во Истанбул, во кое покажа колку чинат храната и пијалаците што им се нудат на патниците.
За време на престојот на аеродромот, Дацешин ги забележа цените на одредени прехранбени производи. Еден сендвич чини 14,50 евра, додека цените за багети започнуваат од 8 евра па нагоре. Кроасанот чини 6,50 евра, а килограм традиционални турски слатки, односно локум, достигнува цена од дури 120 евра.
Ниту чоколадото не е поевтино, со оглед на тоа што за него треба да издвоите дури 40 евра. Тој исто така ја прикажа понудата на овесни каши, овошје и разни пијалаци, покажувајќи колку може да ги чини патниците набавката на храна и освежување додека го чекаат својот лет.
„На аеродромот во Истанбул преседнувам десетина пати годишно и ми се чини дека секој пат е поскапо од претходниот. Не знам дали во моментов постои поскапо место во светот“, напиша Дачешин во описот на видеото.
Аеродромот во Истанбул, кој се наоѓа во европскиот дел на градот, претставува еден од важните меѓународни центри за патници кои имаат поврзани летови кон различни дестинации. Сепак, судејќи според цените што ги забележа Дачешин, купувањето храна и пијалаци додека се чека лет може да биде прилично скапо.
Неговото видео предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а корисниците во коментарите споделија и свои искуства. Многумина сметаат дека цените се превисоки, додека некои наведуваат дека пред неколку години ситуацијата била сосема поинаква.
„А пред неколку години цените не беа ни приближно вакви, беше меѓу поевтините“, „Катастрофа. Среќа што секогаш можеш да си понесеш храна од дома“, „Купувам вода само ако морам! За другото не ми е гајле“ – се дел од коментарите….
Извор: Данас







