Америка најави нови санкции за Белорусија

Соединетите Американски Држави наскоро ќе објават воведување нови санкции против Белорусија, а „цената“ за постапките на раководството на земјата ќе порасне, изјави именуваната амбасадорка на САД во Белорусија, Џули Фишер.

Како што најави Белата куќа, дополнителни санкции ќе следат и тоа мошне скоро“, прецизирала Фишер во Меѓународниот комитет на Сенатот.

Како што додала, Америка се координира со партнерите во Европската унија, Канада и Велика Британија и активно се работи на нов круг на санкции против Минск.

Ќе ја зголемиме цената за насилствата и репресиите од режимот“, истакнала амбасадорката.

Претходно, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Антон Глаз, изјави дека процесот на акредитација на амбасадорката на САД во Минск, Џули Фишер сеуште не е завршен и дека нејзината активност во врска со Белорусија не може да се смета за официјална.

Да потсетиме, претседателот на САД, Џо Бајден, ги продолжи за уште една година санкциите против Белорусија, воведени во 2006 година. Санкциите се воведени во врска со обвинувањата за кршење на човековите права, политичките репресии и корупцијата. Белоруските власт ги отфрлаат тие обвинувања.

На 3 јуни годинава, пак, повторно стапија на сила санкциите против девет белоруски компании, кои претходно беа запрени.