Америка повторно ги отвори границите

LinkSense.mk

Соединетите Американски Држави повторно ги отворија границите за патници од странство кои се потполнои вакцинирани против корона вирус.

Меѓутоа, полнолетните странски државјани мораат да бидат имунизирани со вакцини кои ги одобрила американската Управа за храна и лекови или Светската здравствена организација.

Белата куќа потврди дека децата помлади од 18 години се исклучени од овие правила, како и лицата со здравствени проблеми.

Патниците и понатаму ќе мораат да покажат потврда за негативен тест на Ковид-19, направен во рок од 72 часа од заминувањето за Америка.

Заради условите кои ги поставија американските власти, многу патници кои ги примиле руските вакцини „Спутник“ или кинеските „КанСино“, се обидуваат да се имунизираат со вакцини кои се одобрени во САД, пренесе АП.

Светската здравствена организација одобри други две кинески вакцини „Синофарм“ и „Синовак“, како и „Астра Зенека“, кои ќе бидат прифатени во САД.

Спутник“ се користи во 70 земји ширум светот, но сеуште не се одобрени ниту од американската Управа за храна и лекови ниту од СЗО.