Бакарот – кој традиционално се смета за водечки показател за економски просперитет – изненадувачки немаше тешка година. Но, аналитичарите очекуваат повторно заживување во следната година, иако глобалните изгледи и понатаму се многу неизвесни.
Некои од најголемите банки на Волстрит во последниве недели сугерираа дека комбинацијата на краткорочна ограничена понуда и долгорочна побарувачка поврзана со енергетската транзиција ќе го поттурне црвениот метал повисоко.
Надолниот притисок во 2022 година делумно произлезе од континуираните пазарни очекувања за инфлексија на вишокот на пазарот на метали, поттикнати од очекувањето на забавената побарувачка во услови на забавувањето на глобалниот раст и забрзувањето на рударската активност.
Металот, што се користи во многу сектори, исто така, претрпе тешка 2022 година поради заострената монетарна политика на САД, енергетската криза што произлезе од војната во Украина и кинеската комбинација од строг карантин за Ковид-19 и слабиот пазар на недвижности. Цените на бакарот достигнаа врв од преку 10.600 американски долари за еден тон во март оваа година.
Ако ублажувањето на кинеските ограничувања за Ковид напредува понатаму кон повторното отворање на економијата, веројатно ќе дојде до обновување на резервите, сметаат експертите.
Ако Кина го врати соодносот на залихите и потрошувачката на бакар на нивоата пред 2020 година, тоа би значело зголемување на физичката побарувачка за дури 500 кт.
„Голдман“ минатата недела ја зголеми својата 12-месечна прогноза на 11.000 долари за тон од 9.000 долари за тон и ја подобри прогнозата за просечната цена на 9.750 долари за тон во 2023 година и 12.000 долари за тон во 2024-та.
Стоковните стратези на Банката на Америка веруваат дека бакарот може да порасне до 12.000 долари за тон во вториот квартал од 2023 година, со оглед на вистинските околности. Таквото сценарио би барало промена од страна на американската централна банка кон помалку агресивно затегнување на монетарната политика, ограничување на растот на американскиот долар и побарувачката да остане поддржана додека планираната енергетска транзиција се забрзува.