Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ангеловска-Бежоска: Банките и штедилниците на повеќе начини ќе им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите
Економија

Ангеловска-Бежоска: Банките и штедилниците на повеќе начини ќе им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите

март 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Банките и штедилниците ќе можат на повеќе начини да им го олеснат финансискиот товар на граѓаните и фирмите погодени од коронакризата: со одложување односно грејспериод за отплата на кредитите, со пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период, со пониска каматна стапка или со одобрување на нов поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот“, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Според неа, ова важи за сите кредитни услуги: потрошувачки, станбени, автомобилски кредити, за кредитни картички, за дозволено пречекорување (одобрен минус), како и за кредити на фирмите.

Во интервју за МТВ, гувернерката нагласува дека се овозможува навремена поповолна промена на кредитните услови за кредитите да не станат нефункционални. До крајот на септември секое доцнење до 150 дена нема да се смета за нефункционален кредит.

„Банките и штедилниците учествуваа во процесот и ги поддржаа регулаторните измени. Тие ќе се придржуваат до јасно утврдените критериуми во Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик донесена од Советот на Народната банка. Банките и штедилниците истакнаа дека се подготвени да одговорат на барањата на засегнатите кредитокорисници. Тие се мотивирани на засегнатите кредитокорисници да им ги понудат поволните можности за промена на постојните договорни услови. И во нивен интерес е да помогнат фирмите да го пребродат овој шок и да можат да опстанат на долг рок и да имаат капацитет за да можат понатаму да ги сервисираат обврските. Регулаторните измени со кои се олеснува финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, нивната важност може да биде продолжена“, истакнува Ангеловска-Бежоска.

Народната банка, додава, нема законска надлежност да пропише мораториум на наплатата на кредитите.

Но, суштински, во споредба со мерка само со мораториум, донесените регулаторни измени нудат поширок сет на поволности за граѓаните и фирмите (одложување, промена на каматна стапка и сл.).

„Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација работат на уредба со која ќе се утврди поедноставен начин за комуникација и уредување на договорните односи меѓу засегнатите кредитокорисници и банките и штедилниците. Се изнаоѓа најефикасен начин и тој ќе биде соопштен на граѓаните“, рече гувернерката.

Потсети и дека заштедите се сигурни, а денарот останува стабилен.

„Постојано ги следиме развојот на настаните и потенцијалните ризици од
окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и сме подготвени соодветно да ги приспособуваме политиките и навремено да реагираме во согласност со нашите надлежности“, истакна Ангеловска-Бежоска.

Ангеловска-Бежоска банки граѓани штедилници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Горивата од полноќ со нови цени

октомври 26, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.