Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Англиските клубови ни летово не штедеа на засилувања
Фудбал

Англиските клубови ни летово не штедеа на засилувања

август 4, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ниту ова лето, како ни многуте претходни, не се покажа како исклучок од правилото кога е европскиот фудбал во прашање.

Англиските клубови трошеа пари на засилувања како „луди“, ден пред почетокот на Премиер лигата сметката на островјаните е 1,24 милијарди евра. И тука не е крајот, со оглед на тоа дека до крајот на преодниот рок на 31 август остана уште доста време.

А, според она што го пишуваат медиумите на Стариот континент, се „крчкаат“ уште некои „бомби“, кои би можеле дополнително да го зголемат вкупниот биланс. Некои гледаа да ја засилат одбраната, други нападот, некои во секоја линија од тимот додадоа скапа карика, за која веруваат дека ќе им помогне да ги постигнат своите цели. Со тоа што тие не се исти за сите.

Така Ливерпул и Манчестер Сити, тандем кој веќе неколку години води трка за титулата, веднаш доведоа по еден шпиц играч. Сагата околу трансферот на Ерлинг Холанд заврши оној ден кога шампионот го објави на социјалните мрежи потписот на момчето чиј татко, исто така, го носеше дресот на „граѓаните“, вреден 60 милиони евра.

Симболично, во ист ден таткото и синот ставија параф на договор со Сити, разликата е во само 20 години.

По Норвежанецот, Гвардиола сакаше замена за Фернандињо во средниот ред и го доби во форма на англискиот репрезентативец Келвин Филипс, кој пристигна од Лидс за нешто помалку од 48 милиони.

Ниту Ливерпул не се штедеше при изборот на нов центарфор. Јирген Клоп, тренерот на „црвените“, го впери прстот кон Дарвин Нуњез и како дете во продавница брзо доби „нова играчка“ вредна 73 милиони евра.

Сепак, титулата за најголем расипник барем засега оди кај Арсенал кој на засилувања потроши 132 милиони евра. Тандемот на Сити што го донесоа, Габриел Жесус (52 милиони) и Олександар Зинченко (35) го сочинуваат најголемиот дел од сметката на „топчиите“.

Зад нив е градскиот ривал Челзи, кој исто така ги ослабе „граѓаните“ со трансферот на Рахим Стерлинг (56), додека одбраната се засили со доаѓањето на Калиду Кулибали од Наполи (38). Иако, „сините“ нема да застанат тука, планот е да доведат уште еден стопер и уште еден дефанзивец, па сосема е извесно дека двократниот европски шампион до крајот на август ќе ја зацементира лидерската позиција на листата на најголеми англиски трошачи.

Меѓу екипите кои надминаа сто милиони потрошени за трансфери се вбројуваат Лидс и Тотенхем. Челниците на „петлите“ на Антонио Конте му ветија конкурентен тим, па оттука и 58-те милиони потрошени за Ришарлисон од Евертон. Неочекувано „скржав“ засега е Манчестер Јунајтед, кој даде најмногу за стоперот на Ајакс, Лисандро Мартинез (57), иако на другата страна на медалјата е фактот што некои играчи како Френк де Јонг експресно ги одбија „ѓаволите“ поради неиграње во Лигата на шампиони. Платежната моќ ја покажа и новајлијата и повратникот во елитата, Нотингем Форест, кој за играчи издвои 94,75 милиони евра.

На другата страна од оваа приказна се Брајтон (19,6) и Борнмут (11,9), кои не потрошија ниту 20 милиони на засилувања, додека Евертон и Лестер очигледно најдоа змии во паричниците, бидејќи од тие две екипи ниту еден евроцент не е даден за новите играчи.

 

ВО ПЛУС САМО ТРИ ЕКИПИ

Од 20 екипи во Премиер лигата, само три можат да се пофалат дека бизнисот им е позитивен ова лето. Тоа се Манчестер Сити, кој иако важи за расипник, летово продаде играчи и се ослободи од „товарот“ на платниот список (+51,5 милиони евра).

Истото важи и за Брајтон (+14,6), додека Евертон е во плус 58 милиони, бидејќи за ниту еден играч не плати отштета, а за споменатата сума го продаде Ричарлисон на Тотенхем.

Евертон Ливерпул Манчестер Премиер лига Сити
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига

септември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.