Анкара: Американскиот свештеник останува во затвор

LinkSense.mk

Турскиот суд донесе денеска пресуда според која американскиот свештеник Ендру Брансон, обвинет за тероризам и шпионажа, останува во затвор.

Брансон, свештеник од Северна Каролина кој живееше во Турција повеќе од 20 години, е обвинет дека и помагал на група која Анкара ја товари за неуспешен обид за државен удар во 2016 година.

Дополнително, свештеникот е обвинет и за давање поддршка на Работничката партија на Курдистан.

Брансон ги негира обвиненијата, но ако го осудат, му се заканува казна затвор до 35 години.

Следното рочиште е закажано за 12 октомври.