Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Прашањето за името треба да се реши, но да не се попушта за идентитетот
Македонија

Анѓушев: Прашањето за името треба да се реши, но да не се попушта за идентитетот

декември 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прашањето со името треба да се реши. Северна, Горна или Нова Македонија, за тоа народот треба да си каже. За мене Северна, Горна и Нова е прифатливо, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Според него, решавањето на името е и внатрешно прашање и тоа се поврзува и со економијата, бидејќи ако за економски просперитет треба покрај економски мерки да има и владеење на правото и стабилна политичка состојба, а за тоа Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО.

„Сите предуслови за тоа да можете да го направите е да најдете решение и компромис за името. Свесен сум дека тоа мора да се реши. Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на оваа тема, гледаме дека има позитивни сигнали и од меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна. Црвената линија за којашто не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот… и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатлива. Значи јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северан и Горна и Нова е прифатливо, рече Анѓушев.

Во врска со зголемувањето на даноците, Анѓушев образложи дека во сегашната Влада никој не дискутира за зголемување на ДДВ, на данокот на добивка, на данокот на имот. Се зборува само за зголемување на персоналниот данок и тоа само кај богатите категории граѓани. Вели дека мора да се направи една подобра социјална рамнотежа во државата.

„Таквото имплементирање на закон Владата не го брза, значи сака да направи соодветна анализа. Станува збор само за лични приходи над неколку илјади евра, даночната стапка да порасне на 18 отсто додека за сите останати да се намали на девет отсто. Ценам дека таа идеја треба да се разгледа и дека можеби  треба само да се размисли колку високо да се постави летвичката, до која плата и над која плата да биде таквото оданочување, образложи Анѓушев.

Според него, состојбата во администрацијата каде од една страна има превработеност, а од друга страна недостиг на соодветни стручни кадри ќе се решава со т.н меки механизми.

„Во администрацијата има многу луѓе кои се здомени, практично не можете многу да ги искористите, а од друга страна имате дефицитарни кадри кои едноставно ги немате и сега тоа е расчекорот меѓу зборувањето и однесувањето. Тие луѓе веќе се вработени, да ги отпуштите сите на улица тоа би било лошо или од нивен аспект, некој реваншизам, вели Анѓушев.

Според него, нема да се прави реваншизам но постепено и полека според она што се нуди во една од мерките во новата економска програма, се нуди можност секој којшто ќе преземе вработен од администрација ќе му биде вратена 20 отсто од нето платата.

„На пример, ако имате ваша фабрика и сакате да преземете некого од администрација, во тој случај платата што ќе му ја дадете на вработениот, 20 отсто државата ќе ви ја враќа назад. Ова е еден  т.н  мек механизам, со цел некој да не оставиме на улица. Овој вишок во еден период од една или две години ќе го решиме, тврди Анѓушев.

За новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вицепремиерот вели дека му бил колега од Машинскиот факултет, добро се познавале и соработувале.

„Ја охрабрувам целата опозиција да биде силна, бидејќи држава без силна опозиција може да забега во води како што ги имавме овие претходни 11 години. Посакувам ВМРО-ДПМНЕ да излезе од оваа проблематична ситуација и да биде еден сериозен коректив на работење на Владата. Мислам дека тоа ќе биде добро за целата заедница и за целото општество, рече вицепремиерот Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77.

актуелно Анѓушев влада ДДВ ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.