Аргентинската министерка за безбедност Патрисија Бурлих продолжи да ги открива и јавно да ги објавува идентитетите на навивачите на Аргентина кои во Русија, на Светското фудбалско првенство, ги нападнаа навивачите на Хрватска. Таа на својот Твитер профил објави фотографии од навивачите чиј број на обвинети порасна на пет.
„На видеото се’ се гледа. Тоа јасно покажува се. Патрисио Еисенберг е лицето кое удира хрватски државјанин. Русија покрена кривична постапка и на насилниот Аргентинец му ја одзеде навивачката акредитација. Ние ќе го исфрлиме од стадионите“, напиша аргентинската министерка.
Таа минатата недела на ист начин ги објави имињата и фотографиите на четворица мажи кои, како што открија камерите на стадионот, нападнале двајца навивачи на Хрватска и им нанеле повреди.
Бурлих, исто така, најави дека од Русија ќе побара апсење и депортација наобвинетите Аргентинци.
Инцидентите се случија откако Хрватска со 3:0 ја победи Аргентина во второто коло од Светското првенство.







