Арифи: СЈО и јазикот се клучни за коалицирање

„Во албанските медиуми нема да сретнете текстови на анимозитет кон Сорос, тоа значи дека и ДУИ има исто размислување. Целиот тој феномен на таканаречената „десороизација“ е лош за процесите во Македонија, затоа што никој во оваа земја не треба да заборави која била логиката на Фондацијата Сорос која била активна во сите земји на Источна Европа. Се работи за инвестиција во граѓански и научни елити, во тие земји кои беа произлезени од комунизмот и не беа во состојба да го подджрат. Сите тие стипендии дадени на граѓани на Република Македонија, се инвестиција. Сметаме дека секој што дал придонес кон демократизацијата, дал приднес и за Албанците“, истакна Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ, во интервју за „Телма“.

За обидите борбата против Сорос да се наметне како заедничка на ВМРО-ДПМНЕ и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е тешка естрада и едно големо, огромно потценување на сопствените граѓани и народ.

ДУИ, рече, била и секогаш ќе биде голем стратешки партнер на САД, односите кои се граделе не биле лични и не се базирале врз лични релации, а САД оцени дека се голем стратешки партнер на Македонија и на сите граѓани на Република Македонија.

Арифи во интервјуто посочи дека, наводно, немало класични преговори со ВМРО-ДПМНЕ, и дека на двете партии, и на ВМРО-ДПМНЕ и а СДСМ им биле кажани позиции кои биле јасни и не биле за преговарање, а тоа според неа биле албанскиот јазик, СЈО и прашањето за интергација во НАТО и ЕУ.

„За ДУИ меѓународните пораки се клучни, а токму поради тоа се должи ова внатрешна дебата во ДУИ. Ние сме свесни дека имаме чувствителна ситуација, големи тензии и дека многу сме се оддалечени од сериозните процеси со ЕУ.

Затоа сметам дека ДУИ ќе направи анлаизи но пораките и тоа што ќе добиеме како добронамерна порака од Меѓународната заедница има најголемо значење“, потенцираше Арифи.