Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, Ердоган повторно се кандидира

ноември 27, 2026

Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне

ноември 26, 2026

IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии

ноември 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, Ердоган повторно се кандидира
  • Кривопаланчани го откажаа протестот: Владата донесе одлука да помогне
  • IDIOTS UNLIMITED или Kако паѓаат автократии
  • Мицкоски: Каде и да одиме не прашуваат како успеваме со месеци да одржиме за 30-50 центи поевтин дизел од многу поразвиени земји
  • Левица бара забрана на рекламирањето на брзите кредити
  • Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?
  • Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор
  • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Армијата го празнува 27-от роденден
Во Фокусот

Армијата го празнува 27-от роденден

август 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со пригодна свеченост во Центарот за обука на вода во Охрид денеска беше одбележан 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

Во обраќањето пред бројните гости на централната свеченост претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски потсети на историските зачетоци на современата македонска армија, од 18 август 1943 година кога на Славеј Планина беше формирана првата голема воена формација, Првиот баталјон именуван во чест на паднатиот борец и народен херој, член на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди – Мирче Ацев.

„На самите свои почетоци Армијата започна скромно и во крајно неповолни услови. Меѓутоа за кратко време се консолидираше, а веќе во средината на 1990-те години отпочна со структурни реформи, со цел да се трансформира во армија на идна земја членка на НАТО…До денес ова стратешка цел претставува еден од најголемите кохезиони фактори во нашето општество, поддржан од широк национален консензус зад кој стојат сите релевантни политички партии, огромното мнозинство граѓани
од сите етнички заедници, а силна поддршка даваат и невладиниот сектор и бизнис заедницата“, рече меѓу другото Пендаровски.

Претседателот потсети дека по повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, земјата е на чекор од полноправно членство во НАТО.

„Ние многу одамна решивме да ги прифатиме вредностите на Северноатлантскиот договор кој не обврзува да ги чуваме „слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на народите засновани на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеењето на правото“, како основа на системот на колективна одбрана и заштита на мирот и безбедноста…Владеењето на правото е наопходен услов за функционирање на демократијата и за развојот на слободното општество. Затоа, наш апсолутен приоритет е да го издигнеме владеењето на правото
во наша врвна вредност и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во државата“, рече Пендаровски.

Тој даде ветување дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на животниот и професионалниот стандард на војниците, како и поддршка на реформите во одбраната.

„Еден од приоритетите во реформските процеси ќе биде насочен кон декларираните НАТО-единици, а во тој контекст целосно ги поддржувам заложбите на Владата како идна членка на НАТО да издвојува два проценти од БДП за инвестирање во одбраната, за што согласно моите надлежности ќе направам се да биде реализирано најдоцна до 2024 година“, рече претседателот Пендаровски.

Свое обраќање пред присутните имаше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која истакна дека Армијата својот 27. роденден го празнува во година за која забележа дека е година на успех, година во која се заокружува патот на државата кон членството во НАТО.

Потсетувајќи на секојдневниот ангажман на Армијата во изминатиот период, од сите редовни активности, учеството во мировни мисии во странство, но и акции во вонредни ситуации, па се до крводарителски и акции за спасување, Шекеринска ја истакна обврската на државата и системот да обезбеди најдобар тренинг, најдобра опрема, како и постојано инвестирање во обука на војниците и старешините.

„И тоа го правиме. Затоа две години по ред го зголемуваме буџетот на одбраната, затоа две години по ред ги зголемуваме платите, затоа ги исплаќаме редовно и јубилејните награди и дежурствата. Затоа започнавме со обезбедување на спортска и алпинистичка опрема за припадниците на Армијата. Набавивме нови инженериски машини по цели 16 години. Ја подмладивме Армијата со 500 нови професионални
војници. Затоа обезбедивме парични награди за повеќе припадници кои покажаа вонредна подготвеност, хуманост и пожртвуваност кон цивилното население. Хуманоста е невидлива еполета на нивните рамења“, рече таа потсетувајќи и на новиот Правилник според кој сите учесници во мировни и хуманитарни операции ќе продолжат да ги примаат своите основни армиски плати, а вкупната месечна заработка (заедно со сите надоместоци) ќе биде повисока за 500-700 евра за сите војници и
подофицери.

Министерката за одбрана истакна дека таквите заложби за натамошните заложби за опремување и модернизација на вооружените сили се дел од Долгорочниот план 2019-2028, што предвидува измена на клучните закони и воведување на НАТО правилата, а насочени кон мореднизација на Армијата и подобрување на нејзините оперативни способности.

„Поголема грижа, поголем домашен буџет, поголема сигурност, поголема мотивација. Сето тоа го правиме и ќе го правиме затоа што – за да бидеме силни надвор, мораме прво да бидеме силни дома. Единствено со инвестирање во нашата безбедност и во нашите капацитети, можеме да стекнеме сигурност во себе и во нашите планови“, рече министерката за одбрана Шекеринска.

Во рамки на свеченоста во Охрид беше одржана и церемонија на која претседателот на државата Стево Пендаровски ги врачи ордените за воени заслуги доделени на Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, како и Сквадронот на транспортни хеликоптери од воздухопловната бригада на Здружената оперативна команда при Армијата на РСМ.

актуелно армија роденден
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, Ердоган повторно се кандидира

ноември 27, 2026

Плаќање со картичка или во готовина: Европејците сакаат избор

ноември 26, 2026

Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ

ноември 26, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.