Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, а можно е да бидат поместени малку порано во однос на првично планираниот датум во мај, изјави потпретседателот Џевдет Јилмаз, пренесе британската агенција Ројтерс.
Јилмаз додаде дека владејачката коалиција се договорила претседателот Реџеп Таип Ердоган повторно да се кандидира.
„Изборите ќе се одржат во 2028 година. Се разговара за тоа дали би можеле да бидат еден или два месеца порано.
Би можеле да бидат поместени малку порано“, рече тој, додавајќи дека во рамките на владејачката коалиција веќе постои консензус дека Ердоган треба повторно да се кандидира.
Извор: Данас







