Со наближувањето на новата година, веќе се знае и календарот на државни празници за 2027 година, во која граѓаните ќе имаат вкупно 10 неработни денови што важат за сите, од кои пет ќе овозможат продолжени викенди.
Првиот продолжен викенд ќе биде за Нова година, кога 1 јануари паѓа во петок, па граѓаните ќе одмораат три дена, до 3 јануари.
Следува велигденскиот продолжен викенд, од 30 април до 3 мај, кога покрај Велики петок, неработен ќе биде и вториот ден на Велигден.
Продолжен одмор ќе има и за празникот „Св. Кирил и Методиј“ (24 мај), Илинден (2 август) и Денот на народното востание (11 октомври), кои во 2027 година се паѓаат во понеделник.
Останатите неработни денови за сите граѓани се:7 јануари (четврток) – Божик
9 март (вторник) – првиот ден на Рамазан Бајрам
8 септември (среда) – Ден на независноста
23 октомври (сабота) – Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (среда) – „Св. Климент Охридски“
Покрај државните празници, во текот на 2027 година ќе има и посебни неработни денови за припадниците на верските и етничките заедници, меѓу кои Бадник, Водици, католичкиот Божик и Велигден, Курбан Бајрам, како и празници на различните етнички заедници.
Така, 2027 година носи неколку можности за продолжен одмор, особено за оние кои навреме ќе ги испланираат слободните денови.







