Асад прогласи победа во Алепо

Сирискиот претседател Башар ел Асад изјави дека победата на сириските сили во Алепо е победа не само за Сирија туку за сите земји кои се борат против тероризмот како што се нивните сојузници Русија и Иран.

Асад после состанокот со високиот претставник од Иран Хусеин Џабер Ансари рече дека победата во Алепо е „голем чекор во борбата против тероризмот, кој ќе допринесе до завршување на војната“ во Сирија.

alepo-2

Бунтовниците во 2012 година го завзедоа источниот дел на Алепо, некогашниот економски и културен центар на
Сирија, а неговото ослободување е најважната победа на сириската војска лојална на претседателот Башар ел Асад од почетокот на војната во која од 2011 година до сега загинаа повеќе од 310.000 луѓе.

Во Алепо е во тек евакуацијата на последните цивили.

alepo-3

alepo-4

alepo-5

alepo-6