Асанж може да се самоубие ако биде испорачан, предупредува одбраната

LinkSense.mk

Одбраната на Џулијан Асанж предупреди дека ризикот од самоубиство на основачот на Викиликс ако тој и биде испорачан на Америка, и покрај гаранциите на Вашингтон дека нема да го држат во строги затворски услови.

На педесетгодишниот Австралијанец му се закануваат 175 години затвор заради објавување на стотици илјади доверливи докумети.

На вториот ден од проучувањето на американската жалба до лондонскиот Висок суд неговите адвокати истакнаа дека новите поднесени аргументи не ја оправдуваат измената на првостепената одлука за негова неекстадиција.

Америка, обидувајќи се да ги разувери лондонските судии, во средата ги оспори тврдењата за можно самоубиство на Асанж.

Американците во приговорот истакнуваат дека Џулијан Асанж нема да биде затворен во злогласниот затвор „АДХ Флоренс“ во Колорадо, каде што речиси во потпола изолација се затворени припадници на Ал Каеда.

Америка се надева на поништување на одлуката на судијката Ванеса Баратсер, која ја одби екстрадицијата заради високиот ризик од самоубиство и можоста за влошување на психичката состојба на газдата на Викиликс во американскиот правосуден систем.

Во образложението на својата одлука Баратсер потсети дека Америка не била кадарна да го спречи самоубиството на американскиот финансиски магнат Џефри Епстајн, обвинет за подведување на малолетнички.

Овие заклучоци потекнуваат најнапред од карактерот на психичките проблеми на Асанж и неговиот страв од испорака со оглед на посебноста на неговиот предмет“, рече адвокатот на основачот на Викиликс, Едвард Фицџералд.

Ништо не упатува на тоа дека овие фактори ќе се променат поради американските убедувања“, напомена Фицџералд.