Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР за викендот најавува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

август 27, 2026

Од утринава почнаа гужвите на ГП ,,Богородица” за влез во Грција

август 27, 2026

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР за викендот најавува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
  • Од утринава почнаа гужвите на ГП ,,Богородица” за влез во Грција
  • Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја
  • Атина со најмногу случаи на Западнонилска треска
  • Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година
  • Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
  • На аеродромот во Франкфурт двајца работници починаа од маларија заразени од комарци
  • Денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Атина со најмногу случаи на Западнонилска треска
СВЕТ

Атина со најмногу случаи на Западнонилска треска

август 27, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зголемен број случаи на вирусот Западен Нил е регистриран во Грција во текот на актуелната сезона, при што здравствените власти досега потврдиле 232 заразени лица и 19 смртни случаи.

Само во последните седум дена биле евидентирани 75 нови случаи, а шест лица починале како последица на инфекцијата, покажуваат најновите податоци на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Кај 165 од заразените се развиле потешки симптоми поврзани со централниот нервен систем, меѓу кои енцефалитис, менингитис и акутна парализа. Просечната возраст на овие пациенти е 75 години. Кај останатите 67 лица симптомите биле поблаги.

Во моментов 73 пациенти се на болничко лекување, додека 124 лица веќе се отпуштени од болница. Шеснаесет заразени немале потреба од хоспитализација.

Сите 19 починати биле постари од 65 години, а нивната просечна возраст изнесувала 85 години.

Атика со најмногу случаи

Најголем број случаи се регистрирани во Атика, односно поширокиот регион на Атина. Таму се потврдени 137 случаи, што претставува повеќе од половина од вкупниот број заразени во земјата.

Во Тесалија, северна и централна Грција и на Пелопонез се регистрирани уште 77 случаи, додека за 18 случаи сè уште се спроведуваат епидемиолошки истражувања.

Досега инфекцијата е потврдена во 61 општина ширум земјата. Здравствените власти очекуваат нови случаи и во наредниот период, со оглед на сезонската активност на вирусот.

Поради зголемената циркулација на вирусот, во општините во областа Атина веќе е спроведено вонредно прскање против комарци, кои се главни преносители на инфекцијата.

„Нема причина за паника“, порача грчкиот министер за здравство

Грчкиот министер за здравство Адонис Георгиадис ја оцени ситуацијата како контролирана и порача дека граѓаните немаат причина за паника.

Тој потсети дека најголемиот бран на вирусот Западен Нил во Грција бил регистриран во 2018 година, кога биле потврдени 317 случаи и 51 смртен исход.

За споредба, минатата година во земјата биле регистрирани 96 случаи и девет починати.

Првиот случај на Западен Нил во Грција оваа сезона бил потврден на почетокот на јули. Вирусот е редовно присутен во земјата во текот на летните месеци и се пренесува преку убод од заразен комарец.

Случаи на вирусот оваа година се регистрирани и во повеќе европски земји, меѓу кои Италија, Романија, Франција, Северна Македонија, Србија, Шпанија, Албанија, Австрија, Германија, Косово и Холандија

актуелно Атина западнонилска случаи смртни Треска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја

август 27, 2026

Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година

август 27, 2026

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години

август 27, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.