Аферата „Подморници“ како повод: Франција го напушта НАТО?

Франција треба да ги напушти командните структури на НАТО. Тоа е мислење на повеќе претседателски кандидати на претстојните избори во оваа земја, што покажува до која мерка Французите се лути заради потегот на Австралија да го раскине договорот за набавка на 12 подморници, вреден 56 милијарди евра, и да направи тројно сојузништво со Велика Британија и САД, со цел стварање на нова стратегија во индо-пацифистичкиот регион, насочен пред се против Кина.

Еден од нив е Гзавие Бертан, десничар, претседател на регионот Горна Франција, министер со повеќе портфељи во владата на Саркози и кандидат за шеф на државата. Тој бара и одржување на вонреден самит на НАТО со тема дали на Американците и понатаму може да им се верува, дали ја почитуваат Франција и каде оди сојузништвото.

Водачот на „Непокорна Франција, и исто така претседателски кандидат, најсилната фигура на левицата, Жан Лик Мелашон, порачува дека откажувањето на договорот е уште една манифестација на непочитување на спогодбата која САД ја направија со сојузниците, и дека е време да се прекинат илузиите, Франција да го напушти НАТО и да го исфрли од својата територија неговиот иден Центар за космички истражувања во Тулуз.

Времениот претседател на крајно десничарската партија „Национален собир“, Жордан Бардел, во моментот додека Марин Ле Пен ја води претседателската трка, мисли исто: „Франција треба да ги напушти командните структури на НАТО за да си ги врати слободата и независноста.“

Да, Франција треба да излезе од овие структури“, смета генералниот секретар на Комунистичката партија, Фабијен Русел.

Министерот за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан засега не отиде толку далеку, но порача дека оваа криза ќе има тежина во дефинирањето на новиот стратешки концепт на НАТО, што е доволно остро. Колку е и тој лут, зборува податокот дека за методите на Бајден рече дека потсетуваат на „Трамп без твитови“.

Во Брисел, истовремено порачуваат дека го „анализираат“ влијанието на новата тројна спогодба на трговските преговори со Австралија кои би требало да продолжат во октомври.

Сепак, Мадрид, Рим и Берлин се доста тивки и „не брзаат“ со реакции.

Француската министерка на војската Флоранс Парли ги откажа разговорите за новите безбедносни предизвици со својот британски колега Бен Валас, кои беа закажани за оваа недела.

 

 

 

(Фото: АП)