Ахмети: Да се обединат сите албански партии

„Некои велат дека малку сме зборувале во оваа изборна кампања за тоа што сме направиле досега. Ако даваме отчет не можеме да ги наброиме проектите што ги реализиравме во само тука, а не пак низ државата“, рече лидерот на ДУИ и носител на листата за пратеници од таа партија во шестата изборна единица, Али Ахмети, вечерва на митинг во тетовско Боговиње.

Ахмети дел од својот говор посвети на помалите опозициски партии во албанскиот блок и упати апел за обединување.

Со поделеност, истакна, се разделувал и расцепкувал гласот на Албанците, а тој не можел тоа да го дозволи.

Пред присутните на митингот на ДУИ во Боговиње зборуваа и Беким Незири, шеф на изборниот штаб на партијата, Хазби Идризи, градоначалник на општина Боговиње и шеф на општинскиот штаб на „интегративците“ и Ваљбона Шабани, кандидат за пратеник од тој крај.