Ахмети до новиот холандски амбасадор: Очекувамe датум за Северна Македонија и Албанија

Скопје, 2 октомври 2019

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Али Ахмети го пречека на работен состанок новиот амбасадор на Холандија во Република Северна Македонија, г-дин Дирк Јан Коп, во седиштето на ДУИ во Тетово.

Г-дин Ахмети му честита на новиот Амбасадор за новата функција истакнувајќи дека блиската соработка со Холандија ќе продолжи и во иднина при што му се заблагодари за подршката што неговата земја и ја дава на нашата држава.

Соговорниците истотака разменија мислења за актуелните случувања, владеењето на правото, евроатланската интеграција на земјата и регионот.

Г-дин Ахмети ја истакна посветеноста на ДУИ за постигнување функционална и доверлива неселективна правда која ќе се постигне преку спроведување на ветинг.

Во врска со одлуката на Советот на Европската Унија кон средината на овој месец, г-дин Ахмети рече дека очекува Северна Македонија и Албанија, со поддршка на Холандија, да добијат датум за започнување на преговори за членство во ЕУ.

Ова ќе придонесе за подлабоко реформирање на нашите земји во согласност со очекувањата од Брисел, но и ќе го стабилизира нашиот регион.

Демократска унија за интеграција