Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ахмети-Рама: Албанија е заинтересирана за политичка стабилност на Македонија
Македонија

Ахмети-Рама: Албанија е заинтересирана за политичка стабилност на Македонија

октомври 17, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Демократската унија за евроинтеграција Али Ахмети денеска по средбата со претседателот на Албанија Еди Рама изјави дека разговарале за актуелните политички случувања во Македонија и за можностите за идна соработка.

„Имавме многу корисна средба, го информирав за политичките збиднувања во земјава околу локалните избори и сите процеси што се одвиваа затоа што имаше голем интерес од премиерот Рама, истакна Ахмети.

Според него, Албанија е многу заинтересирана за политичката стабилност, односно за одржлива стабилност на Република Македонија.

„Премиерот Рама нѐ охрабри да продолжиме, исто така, и во вториот круг и Република Македонија да продолжи со започнатите процеси кон спроведување на реформите во судството и на патот кон евроатлантската интеграција.

„Посака да имаме успех и беше заинтересиран и за продлабочување на соработката на нашите две земји и за имплементација на сите билатерални договори – рече Ахмети.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети во врска со платформата на Албанците рече дека Рама не е дојден во Скопје да прави скопска платформа, туку поради Самитот 100 на кој се премиерите од ЈИЕ и ја искористил приликата да се сретне, како што кажа лидерот на ДУИ, и со пријатели.

Ахмети ги отфрли тврдењата од другите партии на Албанците во Македонија за притисоци врз гласачите за време на првиот круг од локалните избори.

„Не сакам да коментирам измислици. Ова е лажна вест за притисок кон граѓаните. Ако имало такви случаи нека ги пријават во Државната изборна комисија и во другите институции. Јас не сум дежурен во ДИК ниту во Обвинителство и не правам такви работи.

Јас сум претседател на партија и ме интересира процесот да биде слободен, фер и демократски, рече Ахемети.

Во вториот круг од локалните избори очекува првенствено граѓаните да ја изразат својата волја слободно. Ги демантираше информациите дека неговата партија има тајни договори со други политички партии за поддршка на следниот круг на локалните избори.

„Ние никогаш не сме правеле скриени договори или какви било акробации и ќе се обидеме и понатаму да садиме позитивна енергија и е многу значајно луѓето да гласаат слободно и да се определат слободно за најдобриот кандидат којшто ќе ги предводи општините во иднина, рече Ахмети.

Кажа дека за секоја активност што ќе ја преземат ќе ја информираат јавноста. Албанскиот премиер Рама денеска во Скопје освен со Ахмети се сретна и со лидерите на Алијансата за Албанците и на БЕСА, Зијадин Села и Биљал Касами, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Синоќа тој имаше средба и со премиерот Зоран Заев.

актуелно албанија ахмети Беса вмро-дпмне ДИК Зијадин Села Зоран Заев касами
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.