Ахмети се сомнева во малите албански партии

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и кандидати за пратеници од изборната единица 2 денеска го посетија Синѓелиќ и имаа средба со жителите од ова населено место.

Пред членовите и симпатизери на интегративците Ахмети ја изрази неговата загриженост за новите албански политички партии во кои, според него, прсти замешале сомнителни лица.

„Не ме загрижува тоа што СДСМ ги бара гласовите на Албанците, туку ме загрижуваат ноформираните мали албански партии. Основани се, ве уверувам, од сомнителни лица. Прават повеќе штета отколку што реално можат да направат нешто добро. Едноставно, немаат капацитет за големи достигнувања“, рече Ахмети во неговото обраќање.

Според лидерот на ДУИ, сеуште не постојат услови во државава за промоција на граѓански концепт. Албанците, смета тој, не биле на рамноправно ниво со Македонците.