Поворки од деца од различна возраст, придружувани од нивните наставници, родители и роднини, поминаа низ повеќе градови пеејќи божествени песни
Бадниковите поворки го најавија Христовото раѓање.
Пеејќи ја „Вечниот Бог“ поворките минаа низ центарот на Скопје, но и низ Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Кичево, Ресен, Тетово, Гостивар, Велес, Куманово, Радовиш и Битола.
Градоначалниците на крајот ги даруваат децата бадникарчиња.
Во Скопје поворката заврши во 12 часот, пред Соборниот храм каде на бадникарите им се обрати г.г. Стефан.
Дел од поворката во Скопје го посети и домот на претседателот Ѓорге Иванов кој на децата и им подготви празнична трпеза.








