Баерн и Реал маршираат кон четвртфиналето

После првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите се чини дека нема дилеми околу патниците во следната рунда – Баерн ја напони мрежата на лондонски Арсенал 5:1, а Реал Мадрид со само 3:1 го „испрати“ Наполи од Сантијаго Бернабе.

Баварската машина вечерва ги прегази „топчиите“ во натпреварот што се одигра на „Алијанц арената“ во Минхен.

Први во водство дојдоа домаќините уште во 11 минута преку Робен.

baern

Во триесеттата минута се случи – пенал. Левандовски неспретно интервенираше во својот шеснаесетник врз Кошчелни и судијата покажа на белата точка. Санчез не успеа да го совлада Ноер од единаесет метри, но затоа неколку секунди потоа, откако одбиената топка дојде до него, тоа го стори од гужва, со голема помош од дефанзифците на домашната екипа.

А тогаш, во продолжението од натпреварот проработеа напаѓачите на германскиот шампион. Во само три минути два гола, прво погоди Левандовски, а потоа и Алкантара – доволно за сигурно водство.

baern 2

Алкантара по втор пат се запиша во листата на стрелците, по асистенцијата на Левандовски, а Милер на две минути пред крајот на мечот стави точка на се – за конечни 5:1. Колку што беше и во 2015 година.

baern 3

Со минута молчење на „Бернабе“, во чест на починатиот претседател на „кралскиот клуб“ Луис Гомез Монтехан, започна натптеварот меѓу Реал и Наполи.

Мадридскиот храм занеме кога во 8-та минута Инсиња мајсторки го совлада Навас. Костариканецот опуштен „шеташе“ по шеснаесетникот, и му дозволи на Белгиецот да погоди од триесетина метри.

Тоа беше се што направија гостите за четирите илјади нивни навивачи и нивната икона Диего Марадона кој натпреварот го следеше од свечената ложа.

Не помина долго од водството на гостите кога Бензема прецизно стрелаше и го израмни резултатот на 1:1. Тој стана најефикасен Французин во Лигата на шампиони. Ова беше негов педесет и први гол.

Real-Madrid-2

Во второто полувреме видовме друг Реал. Фудбалерите на Зидан играа како по ноти.

Крос на додавање од најдобриот на светот, Кристијано Роналдо, во 49 минута го доведе „кралевите“ во водство од 2:1.

Пет минути подоцна една одбиена топка му „легна“ на Каземиро кој како од топ шутираше прецизно во левиот агол од голот на Реина, што доведе до воодушевување во публиката и конечни 3:1.

Real-Madrid-1