Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Балканската политичка елита доаѓа на форум во Охрид
Македонија

Балканската политичка елита доаѓа на форум во Охрид

јуни 26, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Околу триста учесници од регионот и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – “Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јули годинава во Охрид и Отешево.

Конференцијата официјлано ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а говорници ќе бидат поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со Грција, Метју Нимиц, претседателот на македонското собрание, Талат Џафери, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Федерика Могерини, министерката за одбрана Радмила Шекерински, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален Ле Роа и еврокомесарот Јоханес Хан.

Во првиот дел ќе се одржат повеќе сесии, посветени на економијата и бизнис соработката, граѓанското општество и медиумите во регинот и во процесот на европската интеграција.

Ќе се зборува за младите и нивната визија за иднината на регионот на Југо-источна Европпа, потоа за жените, мирот и стабилноста – поглед од Западен Балкан, за градењето доверба преку дијалог, како и за улогата на Западниот Балкан во иднината на Европа и поуките од долгогодишните спорови во Југоисточна Европа.

На конференцијата ќе учествуваат и Специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер, претседателот Стево Пендаровски, како и претседателите на Црна Гора и на Словенија, Мило Ѓукановиќ и Борут Пахор, и премиерите на Србија, Косово и на Албанија, Ана Брнабиќ, Албин Курти и Еди Рама.

Преспа форумот за дијалог е платформа за нашата приказна гласно да зборува во целиот свет, а целта е промоција на демократскиот дијалог низ примерите на Охридскиот рамковен договор, кој годинава слави 20-годишнина, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои, како што порача денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, не се конечни решенија, туку се рамка за уредување на одредени прашања кои понатаму се прилагодуваат на тековните случувања.

„Ова е далеку најголем настан што сме организирале, кој претставува предизвик од секаков аспект, од организационо технички, протоколарен па се до политички предизвик, да се биде домаќин на највисоките гости од регионот од Европа и од САД. Амбициозна конференција од меѓународен карактер со навистина импресивна листа
на поканети гости од кои голем број веќе го потврдија своето присуство. Меѓу нив се скоро поголемиот број од премиерите во регионот, министри за надворешни работи, за економија и за финансии, претставници на Европската унија, на бројни мултилатерални организации, регионални иницијативи, на претставници на земји членки на Унијата и на САД“, изјави Османи.

Тој најави дека пред стартот на конференцијата на 30 јули ќе се одржи неформален состанок на платформата Б6, на која министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан ќе имаат т.н. „средба без вратоврски“.

„Мојата интенција е овој неформален формат, слично како што се и другите европски формати како В4 или Ц5, да стане редовна активност на министрите од регионот, каде ќе можеме неформално да разменуваме мислења, информации и да предлагаме идеи за сите предизвици и можности во рамки на меѓусебната соработка“, рече Османи.

Османи истакна дека платформата Б6 не е директно поврзана со форумот и на неа нема да има никакви заклучоци и декларации, меѓутоа ќе биде можност за воспоставување на редовен дијалог меѓу министрите од регионот и пред се да се покаже степен на зрелост од регионот.

„Конференција очекуваме да биде содржајна и во идеите и иницијативите, и од неа да произлезат политички насоки или препораки кои ќе може да послужат како основа за други иницијативи, но и порака кон ЕУ и трансатлантската заедница“, изјави Османи.

Конференцијата е во организација на Министерството за надворешни работи, а е под покровителство на премиерот и Владата на Македонија.

актуелно дијалог македонија преспа форум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.