Барселона го прави тимот за следната сезона

Шпанските медиуми се уверени дека Роналд Куман ќе остане на клупата на Барселона и следната сезона. Наводно, новиот претседател на каталонците, Хуан Лапорта му ветил на Куман дека не ќе мора да стравува за работа, дека е задоволен од неговата работа и дека ќе го води клубот и во сезоната 2021/22.

Мундо Депортиво открива дека Куман веќе почнал да го прави составот за следната сезона и дека од клубот бара да се донесат играчи на четири позиции. Холандскиот тренер сака да ги засили позициите на лев бек, стопер, среден везен и напаѓач.

Во одбраната фаворит е Ерик Гарсија. Куман го цени стоперот на Манчестер сити, може да дојде без отштета и Барселона така може да заштеди пари за да ја засили другата одбранбена позиција. Не е реално доаѓањето на Давид Алаба кој го напушта Баерн, но тоа сеуште не може да се отпише. Ако на пазарот нема поволна понуда за лев бек, тогаш на тоа место предвид доаѓа седумнаесетгодишниот Алехандро Балде, којшто во моментов настапува за Б тимот“, пишува Мундо Депортиво.

Во средината на теренот би требало да дојде Вијналдум, триесетгодишниот играч за врска во Ливерпул. Воопшто не е тајна дека Барселона и Вијналдум веќе имаа договор минатото лето, но тогаш немаше пари за реализација. Сега и тој може да дојде без отштета.“

во нападот Куман би сакал да ги доведе Ерлинг Халанд од Борусија или Ромел Лукаку од Интер. Меѓутоа, за нив најверојатно нема да има пари.

Ако Меси и Дембеле останат, тогаш е реално доаѓањето на Мемфис Депаја, 27-годишен офанзивен играч на Лион. Тој е одличен напаѓач и може да игра и на позицијата среден напаѓач и на крило, знае да даде гол и може да дојде без отштета.“

Куман во Барселона пристигна минатото лето. Клубот го водеше на 43 натпревари и оствари 28 победи, со осум порази. На десет кола пред крајот на Премиер лигата има четири бода помалку од водечкиот Атлетико, а од Лигата на шампиони испадна од ПСЖ. Во последно време, со промена на формацијата во 3-4-3, остварува одлични резултати во шпанското првенство.