Барселона останала без Роналдо поради два милиона евра

Поранешниот претседател на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека можел да го доведе Кристијано Роналдо пред да го купи Манчестер јунајтед.

„Ги доведовме Роналдињо, Маркез и Кварезма. Бевме во процес на смена на тимот. Бев во Португалија да преговарам за Деко, а тогаш ми рекоа дека имаат уште еден добар фудбалер – Роналдо. Понудив 17 милиони евра за него, но Манчестер даде 19 милиони и го купи, рече Лапорта.