Барцелона на нозе за независност на Каталонија

Повеќе од сто илјади луѓе се собраа вчеравечер во Барцелона барајќи независност на покраината од Шпанија.

Протестантите носеа знамиења со препознатливи бои, а на собирот беше интонирана само химната на Каталонија.

Тие му пружија поддршка на поранешниот лидер Артур Маса, против кого се води кривична постапка поради „непослушност, несовесно обавување на должноста, узурпирање на функцијата и малверзации“.

barcelona-2

Околу 1,8 милиони Каталонци во 2014 година се изјаснија за независност на Каталонија на необврзувачкото гласање одржано и покрај противењето на властите во Мадрид, кои ги сметаат сецесионистичките иницијативи во Каталонија за неуставни.

Каталонија е една од 17 автономни покраини на Шпанија.

Официјално е призната како историска нација во Каталонскиот автономен статут усвоен во 1979 година во склад со Уставот од 1978 година.

barcelona-3