Бајден, Макрон, Меркел и Џонсон: Сите нас не загрижува иранската нуклеарна програма

LinkSense.mk

Америка, Франција, Германија и Велика Британија изразија вчера „силна и се поголема загриженост“ заради иранската нуклеарна програма, повикувајќи го Техеран да го „смени правецот“ и така да го спаси договорот за неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон се состанаа вчера доцна попладнето за да разговараат на маргините на самитот на Г20 во Рим.

„Одлучни сме во намерата да дејствуваме така што Иран никогаш не ќе може да произведе ниту да набави нуклеарно оружје и изразуваме силна и се поголема загриженост заради зачестените провокативни мерки на Иран на нукеарно поле, како што е производството на високо збогатен ураниум и збогатени ураниумови метали“, истакнаа четворицата лидери во заедничкото соопштение после состанокот.

Велесилите во 2015 година потпишаа историски важен договор со Иран (наречен Заеднички глобален акциски план) што требаше да ја спречи втората страна да произведе атомска бомба.

Американците во 2018 година, за време на мандатот на Доналд Трамп, едноставно се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции за Иран, кој, реагирајќи на таквата одлука, постепено отстапи од ограничувањата наметнати на неговата нуклеарна програма.

Но, Техеран оваа недела рече дека сака во ноември да ги продолжи преговорите за да го спаси договорот.

Сигурни сме дека сеуште е можно брзо да се постигне и да се реализира договор за повторно почитување на Нуклеарната спогодба со Иран, за долгорочно да се загарантира дека иранската нуклеарна програма ќе биде исклучиво за мирновременски потреби, и да се предвиди укинување на санкциите“, истакнуваат понатаму четворицата западни лидери во соопштението.

Тоа ќе биде можно само ако Иран го смени правецот“, сепак предупредија. „Го повикуваме претседателот Раис да ја искористи оваа прилика и да се потруди со добра волја нашите преговори што поскоро успешно да се завршат. Тоа е единствен сигурен начин да се спречи опасна ескалација, која никому не му е во интерес“.

 

 

 

(Фото: ЕПА)