Бајден размислува за дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг

LinkSense.mk

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека размислува за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг, во февруари следната година, во знак на протест против кршењето на човековите права во Кина.

„Тоа е нешто за што деновиве размислуваме“, им рече Бајден на новинарите.

Дипломатскиот бојкот подразбира да не се испратат владини функционери кои би го претставувале Вашингтон на игрите, но американските спортисти би се натпреварувале.

Повеќемина тврдокорни републиканци бараат од Бајден да објави целосен бојкот од страна на Соединетите Американски Држави, како би се осудила репресијата над Ујгурите во Џинјианг, која американската влада ја квалификува како геноцид.

Но, бројни застапници од двете страни, и републиканци и демокирати, меѓу кои и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелос, и републиканскиот сенатор Мит Ромни, се залагаат за дипломатски бојкот.

(Фото: ЕПА)