Бајден ќе мора да ја обнови тешко потресената американска демократија

Монд, Париз

Во политичките и владеачките кругови на Европската унија, по шокираноста од „речиси државниот удар“ во Вашингтон, владее голема загриженост за тоа дали Џо Бајден по десет дена мирно ќе го преземе кормилото на власта или Доналд Трамп, кој не го признава поразот на изборите, може со уште нешто да удри по разурнатата американска демократија.

Светски познатиот економист Том Пикет оценува дека „нападот врз Конгресот во Вашингтон покажува дека на САД, на долг рок,  им се заканува суштиснки етничко-расен раздор, додека францускиот весник „Ле Монд“ во уводникот наведува дека „американската демократија е во опасност и во еден момент беше надвор од сила што ја доведе бурното претседателство што ја подели земјата на два дела “.

„Џо Бајден ќе мора да ја обнови оваа тешко потресена демократија“, наведува Ле Монд.

Германскиот политички истражувач од Универзитетот во Лајпциг, Себастијан Буков, не мисли така и ги посочува клучните разлики помеѓу Германија и САД.

-Во САД демократијата цели четири години беше во искушение од самиот претседател, а во Берлин, неистомислениците беа поддржани од многу мало екстремно малцинство во општеството, изјави тој.

Буков смета дека „во другите западни демократии нема ништо што може да се дегенерира во насилство, во Германија е во пораст задоволството на граѓаните од демократијата“.

Весникот на италијанските деловни кругови „Il sole 24 ore“ потенцира дека најавата на  политиката на Бајден, со слоганот „Купувај американско“, со 400 милијарди долари за јавни набавки на американски производи и 300 милијарди долари за нови технологии и чиста енергија, не ги отстранува причинските лостови на осиромашаната и толку збунета Америка,  што многумина го поддржуваат претседателот на кого му се заканува „импичмент“ – забрзано отстранување од власта “.

Политичкото мото на Трамп „Прво Америка“ има многу поширока социјална основа од „Купувај американско“, забележува весникот.

Во Европската унија преовладува мислењето дека американското општество во целина е во сериозна криза и се поставува прашањето што ќе прави Трамп во следните десет дена, дали сепак ќе ја предаде власта мирно во рокот.

Европските дипломати во Брисел не го кријат својот страв и неверување дека работите во САД може да се влошат и наведуваат дека има такви загрижувачки прашања и процеси за кои сведочи неверојатниот потег на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која рече дека со военото раководството на САД ги разгледаат „мерките за спречување нестабилниот претседател да почне воени непријателства или да нареди нуклеарен удар“.

Американскиот устав му дава апсолутно право на претседателот да почне војна, нуклеарна акција, а само некои нелегални наредби им даваат можност на воените команданти да се спротивстават.

„Ле Монд“ истакнува дека „целиот свет, згрозен од кревкоста на Америка, со страв ги очекува одговорите“.

За Европа сега единственото нешто што е јасно е со каква политиката на новата американска влада ќе се соочат европските партнери по распаднатиот сојуз со САД под водство на Трамп.

Ова особено се однесува на новите американски царини за европските производи, заканите од американските „екстериторијални закони“ кои за ЕУ ​​целосно нелегално ги казнуваат европските компании што прават деловни активности со Иран или работат на завршување на гасоводот „Северен тек 2“, договорот за гарантирање на инвестициите меѓу ЕУ и Кина, поради што Бајден е многу лут, како и идејата во Париз, па дури и во Берлин, за некакво решение со Русија.

Мари-Пјер Ведрен, член на Европскиот парламент, смета дека доаѓањето на Бајден во Белата куќа е можност да се разговара за враќање на мултилатералниот светски поредок, регулиран со правила и почитување на светските организации.

-Но, Европа, подвлече таа, не смее да се заведува со залажувањата, особено кога станува збор за трговијата, туку мора да се стреми кон стратешка автономија и не може да се очекува ништо од партнерите од другата страна на Атлантикот“.

Овој став за идните односи со Вашингтон го делат многу аналитичари, а генералниот заклучок е дека мора да се има предвид “битката меѓу САД и Кина за светска доминација и геополитиката на конфликтот. Европа не смее да си дозволи да биде заробена меѓу двете страни и мора да ги види во вистинското светло“.