Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БЕГАЊЕ ОД ПЕКОЛОТ: Евакуација на туристи и жители на Родос, најголема досега во Грција
Во Фокусот

БЕГАЊЕ ОД ПЕКОЛОТ: Евакуација на туристи и жители на Родос, најголема досега во Грција

јули 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германската туристичка агенција и авиокомпанија „ТУИ Груп“ и британската нискобуџетна авиокомпанија „Џет 2“ ги откажаа сите летови до грчкиот остров Родос, на кој веќе пет дена беснеат пожари. Според Дејли Мејл, евакуацијата на луѓето од островот ќе биде најголемата евакуација поради опасност од пожари во грчката историја.

„Џет2“ соопшти дека своите авиони ќе ги испрати на Родос без патници за да можат да учествуваат во евакуацијата. Од компанијата велат дека нема да организираат нови летови барем до среда, а „ТУИ“, пак, информираше дека ги откажала туристичките патувања што требаше да се организираат до вторник, 25 јули, и дека на сите чии летувања пропаднаа поради пожарите во Грција ќе им ги врати парите.

Во исто време авиокомпаниите „Изи Џет“ и „РајанЕр“ соопштија дека нивните авиони ќе продолжат да летаат за Грција.

Фактот дека авионите преполни со британски туристи се упатија кон Родос налути многумина, а илјадници сега се во импровизирани кампови кои чекаат да бидат евакуирани од островот.

Споменатите вести доаѓаат откако грчките пожарникари рекоа дека опасната ситуација на Родос денеска може да стане уште полоша.

Опасност од големи пожари се заканува на периферијата на Атика, островот Евбеја, во областа Беотија, на Коринт, Елида, Арголида, во Месанија и на Родос.

Во гаснењето на пожарот на Родос се вклучени околу 200 пожарникари, 40 противпожарни возила, три авиони и пет хеликоптери.

Во Грција треба да пристигнат и пожарникари од осум други земји од Европската унија, а помош ќе испратат и Израел, Јордан и Турција.

„Ветровите и девет километри долгиот огнен фронт, од центарот на островот до источните плажи, создадоа екстремни услови“, изјави портпаролот на грчката противпожарна служба, Василис Вартакојанис.

„Ова не е пожар кој ќе биде изгаснат утре или задутре. Ќе имаме со него работа со денови“, додаде Вартакојанис.

Во моментов се води битка за гаснење на пожарите кај Лаермон и Лардос. Во внатрешноста на островот пожарот стигнал до градот Лаермо, каде горат куќи и црква.

Грчкото Министерство за климатски промени и цивилна заштита соопшти дека евакуацијата е најголемата досега. Евакуирани се или пренасочени 19 илјади луѓе. Од тие, 16 илјади се евакуирани по копно, а 3.000 по морски пат.

Претходно медиумите објавија дека властите на грчкиот остров Родос до денеска утринава евакуирале околу 30.000 жители на островот и туристи кои дошле да го посетат.

Во евакуацијата учествуваат локалните власти, крајбрежната стража и војската. Евакуираните туристи се сместени на три траекти закотвени во пристаништето на Родос.

Додека огнот „голта“ ститици хектари шума, одморалиштата, спортските сали, училиштата и хотелите, кои се далеку од жариштето, се претворени во прифатни центри.

Илјадници туристи чекаат евакуација на душеци и перници. Некои се во затворени простории без клима уред, а некои се дури и на отворено.

Локалното население им носи душеци, вода и оброци на настраданите.

Метеоролозите велат дека топлотниот бран ќе стивне во понеделник, но дека во вторник повторно ќе биде топло и така ќе остане најмалку до петок.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Вил Василопулос – Спирос Бакалис)

актуелно Грција евакуација оган пожар Родос
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.