Бегство од циркус: Камили прошетаа по центарот на Мадрид

LinkSense.mk

Осум камили и лама побегнаа од циркус и шетаа утринава по улиците на главниот град на Шпанија, Мадрид. Претставник на циркусот „Куирос“ обвини група активисти за права на животните за саботажа, затоа што тие биле забележани околу пет часот во округот Карабранкел, во близина на местото каде што се наоѓа циркусот.

Полицијата се погрижи за животните и нивното „сигурно и здраво“ враќање во циркусот, а таму беа среќни што камилите и ламата се пронајдени и вратени и што ништо не им се случило.