Без вода дел од корисниците на булевар „Партизански одреди“

Без вода утре ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди“, односно на потегот од улицата „Костурски Херои“ до „Христо Смирненски“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје прекинатото водоснабдување ќе биде поради дефект на затворач ф-80мм на булевар „Партизански одреди“ 47, а корисниците вода ќе немаат од 8:40 часот до санирање на дефектот.