Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
Балкан

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Документите најпрво ќе им бидат претставени на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент, по што постојаните известувачи ќе подготват посебни резолуции со ставовите и препораките на Европскиот парламент за секоја земја.

Според нацрт-верзијата на годишната изјава на Европската комисија за политиката на проширување, во која увид имале од Радио Слободна Европа (РСЕ), напредокот во регионот останува нерамномерен. Црна Гора е оценета како лидер во процесот, додека Србија, Босна и Херцеговина и Косово не бележат напредок во таканаречените фундаментални области

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, кој ги содржи извештаите на Европската комисија за напредокот на десет земји-кандидати за членство во Европската Унија.

Во извештаите ќе биде оценето спроведувањето на реформите и напредокот на секоја од земјите на европскиот пат. Документите најпрво ќе им бидат претставени на членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент, по што постојаните известувачи ќе подготват посебни резолуции со ставовите и препораките на Европскиот парламент за секоја земја.

Според нацрт-верзијата на годишната изјава на Европската комисија за политиката на проширување, во која увид имале од Радио Слободна Европа (РСЕ), напредокот во регионот останува нерамномерен. Црна Гора е оценета како лидер во процесот, додека Србија, Босна и Херцеговина и Косово не бележат напредок во таканаречените фундаментални области.

Во документот се наведува дека Црна Гора ги исполнила завршните критериуми во сите преговарачки поглавја и би можела да ги заврши пристапните преговори со ЕУ до декември 2026 година.

„Исклучителниот напредок на Црна Гора во преговорите за пристапување со ЕУ е доказ дека проширувањето сè уште е остварлива реалност“се наведува во нацрт-документот.

Европската комисија оценува дека Подгорица постигнала значително подобрување и во фундаменталните области, со добри резултати во владеењето на правото, економското управување и реформата на јавната администрација. Воедно, за првпат во договорот за пристапување на Црна Гора би се применил засилен пристап кон заштитните клаузули, што би можело да послужи како модел за идните договори за членство.

За разлика од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово не постигнале напредок во фундаменталните области, кои ги опфаќаат владеењето на правото, демократските институции, реформата на јавната администрација и економските критериуми. Овие области се од особено значење бидејќи го определуваат целокупното темпо на пристапните преговори.

Во нацрт-документот се посочува и дека спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан треба да се забрза. До септември 2026 година биле исплатени 193,3 милиони евра грантови од вкупно предвидените 1,6 милијарди евра, врз основа на 90 исполнети реформски чекори. Комисијата, исто така, работи на укинување на трошоците за роаминг со земјите од Западен Балкан.

Посебно внимание во извештајот е посветено и на помирувањето. Европската комисија оценува дека историскиот ревизионизам, негирањето или величањето на воените злосторства, како и провокативната реторика, се некомпатибилни со вредностите врз кои се темели процесот на пристапување кон ЕУ.

Пакетот за проширување е еден од клучните годишни документи на Европската комисија, преку кој се оценува напредокот на земјите-кандидати и потенцијалните кандидати, особено во областите на владеењето на правото, демократските институции, фундаменталните права и економските реформи. Врз основа на овие оценки, земјите-членки одлучуваат за понатамошните чекори во пристапниот процес, вклучително и отворањето и затворањето на преговарачките поглавја.

Во рамки на активностите на Европскиот парламент, утре, на 5 ноември, Комитетот за надворешни работи, во соработка со Комитетот за буџети, ќе одржи дијалози за спроведувањето на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, Молдавија и Украина.Генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при Европската комисија, Герт Јан Коопман, ќе ги информира европратениците за спроведувањето на реформските агенди и исплатата на средствата од ЕУ.

Европската комисија се очекува да ги претстави и плановите за пристапување за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Тие треба да ги утврдат следните чекори кон членство во Унијата, преку продолжување на реформите и постепено вклучување на земјите во европските политики.

актуелно европска Комисија Косово проширување србија. б и х црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.